Иванов и на Би-би-си: Македонскиот претседател ја блокираше новата коалициска влада

by fokus

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов одби да го даде мандатот на коалицијата на социјалдемократите и партиите на етничките Албанци, за да формираат влада, објави Би-би-си.

-Не можам да му дадам мандат на некој кој го загрозува суверенитетот на Македонија, рече претседателот Иванов.

Лидерот на социјалдемократите Зоран Заев ја формираше коалиција откако се согласи да го поддржи закон со кој Албанскиот јазик ќе биде втор официјален јазик во земјата. Илјадници Македонци протестираат против законот.
Еден официјален претставник од ДУИ, која се надеваше дека ќе се приклучат на коалицијата, рече дека ситуацијата е “хаос”.

Би-би-си пишува и дека Македонија веќе две години е во политичка криза по скандалот со прислушувањето. Истакнуваат и дека Македонија во 2001 година била блиску до граѓанска војна, по албанското востание.

Поврзани новости