424
ДУИ и Албанците нема да дозволат да бидат жртва на било какви монтирани материјали, истакнал претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со Директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон.
Ахмети истакнал дека со протечените снимки за високи функционери од ДУИ кои се однесуваат на приватниот живот на политичарите, целта била во соработка со криминални групи, кои се обидуваат да поттикнат ирационални постапки на ДУИ, да го оштетат процесот на спроведување на Договорот од Пржино.
Ахмети и Даниелсон разговарале и за актуелната ситуација во земјата, безбедносната ситуација, спроведувањето на Договорот од Пржино, за интеграцијата во Европската Унија, реформите и меѓуетничките односи.