Ахмети: ДУИ направи сè, излезот од кризата е кај СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ

by fokus 15:55
15:55

ДУИ досега направи сè и вложи многу напори за да се формира парламентарното мнозинство, но сега одлуката за излез од оваа ситуација и за продолжување на понатамошниот процес е кај големите македонски политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, изјави Али Ахмети, лидерот на ДУИ по средбата со поранешниот премиер и шеф на шведската дипломатија, Карл Билд.

Ахмети вели дека нема никакви најави за одржување лидерска средба и рече дека се само шпекулации информациите дека за Велигденските празници било планирано да има средба со СДСМ и дека планирале во Собранието, без учество на ВМРО-ДПМНЕ, да изберат собраниски спикер.

- Advertisements -

– Тоа е тежок процес и треба внимателно да се однесуваме. ДУИ ги направи сите свои обврски од формирањето на новото мнозинство, ја дадовме нашата поддршка, но секако дека е потребно и олеснување и од нашите пријатели – рече Ахмети.

Поврзани новости