Ахмети: ДУИ е стабилна и сериозна партија

by Fokus
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, се сретна со словенечкиот амбасадор во Скопје, Милан Јазбец.
„Средбата се одвиваше во пријателска атмосфера каде соговорниците разменија мислења за добро спроведените предвремени парламентарни избори
во Северна Македонија.
Соговорниците истакнаа дека изборите се спроведоа успешно, во демократски дух и во согласност со демократските стандарди.
Ахмети подвлече дека на земјата и се потребни демократски институции произлезени од изборите од 15 јули за истите да превземат целосна одговорност за лошата економска ситуација и со непрекината пандемија.
Причината зошто се забрзаа изборите и се одржаа сред лето беше поради итната потреба за да се состане Собранието и да се изгласа нова влада која ќе ја менаџира оваа ситуација.
Лидерот на ДУИ  рече дека неговата партија е стабилен и сериозен субјект, подготвен да продолжи со конструктивниот придонес“, се вели во соопштението на ДУИ.

Поврзани новости