Русковска останува обвинителка во случајот „Меѓународен сојуз“

by Fokus

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска останува обвинителка во случајот „Меѓународен сојуз“, пренесува „360 степени“.

Барањето за нејзино изземање пред стартот на минатото рочиште го поднесе Фросина Ременски, а потоа во судница кон него се приклучи и Бојан Јовановски-Боки 13.

Тоа е одбиено пред стартот на денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје.

Поврзани новости