Ахмети: Дојдовме до денот кога ќе се потстроиме на правилната страна на историјата

by Fokus
Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети го поздрави денешното потпишување на договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

– Го поздравувам денешното потпишување на долгоочекуваниот договор кој претставува исполнување на нашиот сон за целосно интегрирана Македонија во Европската унија и во НАТО. Работевме напорно и со голема посветеност да дојдеме до овој ден кога ќе се построиме на правилната страна на историјата, се вели во соопштението од ДУИ.

Според Ахмети, ова е вистинската одлука за заедничката иднина и за доброто на сите наши граѓани.

Поврзани новости