СДСМ: Денеска е потпишан договор којшто обединува и гради пријателство

by Fokus

СДСМ им честита на македонските граѓани. Македонија се издигна над политките на изолација и поделби, идентитетот е загарантиран, македонската иднина обезбедена, реагираа од владејачката СДСМ.

„Преку Договорот се отвораат перспективите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Ја обезбедуваме македонската иднина, стабилноста, сигурноста, економскиот развој и подобриот живот на сите наши граѓани. Денеска е потпишан Договор којшто обединува и гради пријателство. Конечниот Договор за решавање на спорот со Грција еднаш засекогаш го обезбедува и гарантира нашиот, македонски идентитет, кој веќе никој нема да може да го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, се обезбедени еднаш засекогаш – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости