Студентите пешачат по 14 ката – не работат лифтовите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

by Фокус

Студентскиот пленум на својата фејсбук страна објави порака од револтирани студенти, кои тврдат дека лифтовите во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ не работат и тие се приморани да пешачат до 14-ти спрат.

– Лифтовите во студентскиот дом Гоце Делчев не работат токму кога студентите треба да се иселуваат! Се молат одговорните да преземат иницијатива – таблетите нема да им ги пренесат куферите на нашите колеги. Со што ние заслуживме за да немаме топла вода, храна во мензите и продавниците, функционални лифтови и уште ред други неопходни услови за живот во нашите живеалишта – пишуваат студентите.

Според објавените информации, студентите подолго време се жалат дека немаат топла вода во зградата Г, немаат ништо за јадење во мензата, а во продавницата за која добиваат бонови, нема ништо да се купи.

Поврзани новости