495
ДУИ овозможи враќање на Собранието, ги откажавме изборите на неодредено време, создадовме законска можност за повлекување на одлуката за помилување на Иванов, осигуривме гаранција за продолжување на работата на специјалниот обвинител и одобривме неколку потребни реформски закони за работата на Државната Изборна Комисија, се пофалил лидерот на „интегративците“ Али Ахмети на средбата со специјалниот претставник на германското МНР за Македонија Јохан Хајндл.
„Овие чекори ја вратија стабилноста и безбедноста и се предуслов за спроведување на реформите кои ќе доведат до веродостојни избори. Договорот од Скопје продолжува со полн капацитет, со специјален обвинител и независна изборна комисија, при што Владата ќе ги спроведе предвидените реформи со посветеност“, истакнал Ахмети.
Според партиското соопштение, тој пред Хајндл ја покренал и потребата за враќање на агендата за решавање на прашањето за името.