Тачи: Спорот за името и меѓуетничките односи се реалните проблеми на Македонија!

by Фокус

Лидерот на ДПА Мендух Тачи дееска оддржа средба со делегација на Министерството за надворешни работи на Холандија, предводена од генералниот директор на соработка со Европа, Роберт де Гроот, на која станало збор за политичката криза во земјава.

„Тачи истакна дека и покрај предизвиците со кои се соочува земјата, фокусирајќи се на евроатлантската агенда преку имплементација и реализација на реформите наметнати од страна на Европската комисија, вклучувајќи ги и меѓуетничките односи, како и нивно решавање во согласност со политиката на новиот договор кој го нуди ДПА, како единствен начин за излез од кризата и за подобра перспектива за земјата. Во таа насока, претседателот Тачи изјави дека споровите меѓу македонските партии се виртуелни, а реалниот проблем на Македонија е спор за името и меѓуетничките односи, односно правата на Албанците, така што без решавање на спорот за името и меѓуетничките односи целиот овој процес нема никаква смисла“, истакнал Тачи на средбата.