Ахмети до Хан: Нема време за барањата на Јанева

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, порачал дека за да се усвојат новите закони за Специјалното јавно обвнителство, треба да се направи нов договор.

Сепак, Ахмети е дециден дека за сето тоа, нема време.

– Имавме многу добра средба со Хан и заеднички став е дека веќе постигнатиот договор треба да се почитува од сите. Тоа е клучно за да се одржат фер и демократски избори – изјави Ахмети.

По средбата со лидерот на ДУИ, еврокомесарот се упати кон седиштето на СДСМ, каде ќе се сретне со лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

Поврзани новости