Горан Стојков пред Нова Година ќе излезе на слобода

by fokus 12:45
12:45

Генералот Горан Стојков, осуден во случајот „Шпион“, наскоро ќе излезе од затвор, бидејќи Апелациски суд одлучи да му ја намали затворската казна за пет години и девет месеци. Поточно, според првостепената пресуда Стојков беше осуден на деветгодишна затворска казна, а сега според Апелација доби казна од 3 години и три месеци.

„Обвинетиот Г.С. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2 и Изнуда од член 258 ст.2 в.в ст. 1 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години и 3 месеци“, одлучи Апелација.

- Advertisements -

Осудените во случајот „Шпион“ беа уапсени на 17 септември 2013 година, по што веднаш им беше одреден притвор. Според проста математика, Стојков би требало да излезе на 17 декември годинава.

В.В.

Поврзани новости