Ахмети до Хан: Да се спроведе договорот од 2 јуни

by Фокус
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, во писмо до еврокомесарот Јоханес Хан по повод 13-годишнината од основањето на партијата, пишува дека сака да ја реафирмира цврстата определба за спроведување на договорот постигнат на 2 јуни во Скопје за надминување на политичката криза.
„Ќе продолжиме со конструктивниот придонес во сите нивоа за да се реши политичката криза како и да го отвориме патот на суштинските реформи во корист на сите граѓани и нашата земја“, му пишува Ахмети на Хан.

Поврзани новости