Хан: Македонија може да ја загуби препораката ако не се спроведе политичкиот договор

by Фокус

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во Вашингтон побара политичките страни вклучени во преговорите за надминување на политичката криза да бидат констрктивни, бидејќи Македонија може да ја загуби препораката за почеток на преговорите во Европската унија доколку политичкиот договор не биде спроведен.

– Има голем скандал што никој не може да го игнорира. Има 22.000 снимки. Да не зборувам за содржината што е нешто друго. Треба да има двонасочна реакција на ова – една е политичката и затоа бараме опозицијата да се врати во парламентот и да се справи со ова прашање на вообичаен политички начин преку дебата во парламентот, да има истражни комисии и така натаму. Но, ова исто така е криминален случај и со него треба да се постапува врз основа на меѓународните и европските стандарди – изјавил Хан.

Според него, во периодот до изборите треба да се модифицира изборниот законик, да се разгледа избирачкиот список и некои други елементи.

– Од друга страна, морам да кажам дека последните избори, како и неколку претходно во земјата и во регионот беа набљудувани од ОБСЕ и имаше генерално позитивен извештај, во кој беа наведени некои неправилности, но генерално беше позитивен извештај за изборите што беа одржани во април минатата година – посочил еврокомесарот.

Поврзани новости