Ахмети-Бејли: Приоритет на ДУИ е реформирано судство

by Fokus

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска се сретна со американскиот амбасадор Џес Бејли разговарале околу формирањето на новата реформска Влада и за политичката ситуација во земјата и во регионот.

– ДУИ е посветена на реформите во земјата, почнувајќи силно од реформирањето на судството и владеењето на правото. Преку спроведување на реформите, Македонија ќе помогне во враќањето на меѓународниот фокус и што поскоро интегрирање на земјата во НАТО и започнување на преговорите за членство во Европската Унија. Други приоритети на новата Влада остануваат и добрите меѓуетнички односи и Охридскиот Договор заедно со подобрувањето на животниот стандард, економскиот развој и отворање на нови работни места – истакнал Ахмети.

Поврзани новости