546
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во Скопје се сретна со Амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер, со која разговарале за очекувањата од создавањето на новата влада по изборите.
-Ахмети ги објасни опциите за кои во ДУИ се развива отворена и конструктивна дебата, тие вклучуваат коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ, широка владина коалиција, да останат во опозиција како и повторување на изборите- велат од ДУИ.
Ахмети тука уште еднаш истакнал дека албанскиот јазик, системските реформи и интеграцијата во НАТО и ЕУ ќе останат апсолутен приоритет за ДУИ.