Агрон Баџаку повторно директор на Центарот за управување со кризи

by fokus

Поранешниот македонски амбасадор во Франција, Агрон Буџаку, е назначен за нов директор на Центарот за управување со кризи. Ваква одлука била донесена на владина седница одржана во петокот.

Буџаку доаѓа на местото на неговата сопартијка од ДУИ, Сузана Салиу, која сега е назначена за заменик-народен правобранител.

Инаку, Буџаку беше и првиот директор на Центарот за управување со кризи кога се формираше во 2005 година, но по девет месеци извршување на функцијата беше избран за пратеник.

Буџаку беше именуван за македонски амбасадор во Франција во 2009 година, откако претходно беше министер за транспорт и врски. Во 2015 година со указ на  претседателот Ѓорге Иванов беше разрешен од функцијата, два месеци пред истекот на неговиот мандат.

Поврзани новости