474
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) во првите три месеци годинава прими 71 претставка од осигуреници кои се пожалиле на услугите од осигурителни компании.
Од таму велат дека бројот на претставки решени во корист на осигурениците е зголемен за 37 проценти, а осигурениците најчесто се жалат на основ на исплата и висина на надоместокот.
Бројот на поднесени претставки во овој период е зголемен за 14,5 отсто во споредба со првиот квартал лани.
Од поднесените претставки 5 биле без основ за разгледување, а подносителите во 6 случаи ги повлекле своите поплаки.
Во корист на осигурениците се решени 11 претставки. Во процес на постапување се 16, а негативно се решени 33 поплаки на осигуреници.