Агенцијата за стоковни резерви набавува нови 5 илјади тони пченица

По двете тендерски постапки, во чии рамки неодамна беа склучени 4 договори со 3 компании за набавка на 20 илјади тони пченица во вредност од скоро 9 милиони евра, објавен е уште еден оглас, со кој од заинтересираните компании се бара само документ за регистрирана дејност, а наведените параметри повторно ја фаворизираат српската пченица.

by Фокус

Откако преку две тендерски постапки набавија 20 илјади тони српска пченица за речиси 9 милиони евра,  Агенцијата за стоковни резерви објави уште еден оглас за набавка на пченица.

Според Бирото за јавни набавки, овој се уште активен оглас предвидува набавка на нови 5 илјади тони меркантилна пченица. Критериум за доделување на набавката е најниска цена, додека проценета вредност не е објавена.

Во тендерската документација, меѓу другото, се наведува дека од заинтересирананите компании не се бараат посебни услови во делот на с

Техничката спецификација, пак, предвидува дека во рок од 90 дена треба да се испорачаат бараните количини на пченица со минимум 76 хектолитарска тежина.

Всушност, исти параметри беа утврдени и во претходните тендерски постапки, кога беше набавена пченица со потекло од Србија преку домашни компании.

На тој начин, се дисквалификува домашната пченица, бидејќи таа има хектолитарска тежина од 70 до 73.

Како што пишуваше минатиот број на неделникот „Фокус“, Агенцијата за стоковни резерви на чело со директорот Реси Абдурахмани, кој е кадар на ДУИ , спроведе 2 тендерски постапки, во чии рамки склучи 4 договори со 3 компании за набавка на вкупно 20 илјади тони меркантилна пченица со потекло од Србија, во вкупна вредност од речиси 9 милиони евра.

Поради големите осцилации на цената на пченицата на берзите беше објавена прво една набавка од 10.000 тони. Се чекаше да се види дали ќе има промена на цената, но бидејќи тоа не се случи, се објави и втората набавка“, ни одговорија од Агенцијата, додавајќи дека учествувале по повеќе од 5 понудувачи, а конечната цена на чинење вклучува транспортни трошоци, царина, ДДВ…

Во рамки на првата постапка, биле склучени договори со „Млин Аргулица“ од Карбинци и „Кокра Е Арт-1“ од Порој за набавка на 10 илјади тони пченица во износ од 135, односно 128 милиони денари.

Веднаш потоа, во нова тендерска постапка биле склучени договори за нови 10 илјади тони пченица со веќе споменатата „Кокра Е Арт-1“ од околу 135 милиони денари, како и со „Агроглобал Трејд“ од Скопје со приближно иста вредност.

СИТЕ ТЕНДЕРИ ОД ЕДНО МЕСТО

Оттука, два од четирите договори за набавка на пченица ги добила компанијата „Кокра Е Арт-1“, која вкупно инкасирала 263 милиони денари или 4,2 милиони евра за испорака на 10 илјади тони пченица, што е половина од вкупно потрошените пари за набавка на 20 илјади тони пченица.

Истата компанија и лани го доби тендерот за пченица, кој изнесувал 174 милиони денари.

Не се работи за маржа оти мора да се исполнува договорот за исполнување на обврските према Агенцијата за стоковни резерви и државата благовремено да се снабдува со резерви на пченица, бидејќи светските околности не дозволуваат поинаку“, велат од „Кокра Е Арт-1“, додавајќи условите за набавка на пченица од Србија се катастрофални, бидејќи секоја нова набавка доаѓа со нови давачки.

Финансиските извештаи на компанијата доставени до Централниот регистар откриваат дека нејзините приходи од 2020 во 2021 година пораснале од 196 на 340 милиони денари, а добивката од 4,2 на 6,5 милиони денари.

Досега, „Кокра Е Арт-1“ склучила вкупно 9 договори за јавна набавка во вкупна вредност од речиси 623 милиони денари или 10 милиони евра. Сите договори се склучени со Агенцијата за стоковни резерви…

Влатко Стојановски

Поврзани новости