Најмалку едно лице загина, осуммина се повредени во нападот во кој е повреден поранешниот пакистански премиер

by Fokus

Најмалку еден маж е убиен, а осуммина се повредени во вооружен напад врз протестниот марш, предводен од поранешниот пакистански премиер Имран Кан (80), соопштија службите за спасување.

Како што пренесува ДПА, најмалку два куршуми го погодиле Кан во ногата.

– Нашите спасувачи однесоа најмалку едно мртво тело и осуммина повредени во болница, соопшти Фарук Ахмад, портпарол на одделот за спасување.

Поврзани новости