Агенцијата за разузнавање ќе поднесе кривична пријава поради откривање идентитет на нејзин вработен

by Фокус

Агенцијата за разузнавање денеска соопшти дека ќе поднесе кривична пријава пред надлежниот Јавен обвинител поради објавување на идентитет и фотографии на вработени во Агенцијата за разузнавање. Од таму велат дека во изминатиот период во неколку домашни и странски медиуми се објавија написи во кои се изнеле податоци и информации за лица, вработени во Агенцијата за разузнавање. Станува збор за наводното среќавање на агент од Агенцијата со терористите од Косово кои го извршија нападот во Куманово.

-Јавното посочување на идентитетот и фотографии на вработени во Агенцијата за разузнавање претставува загрозување на нивната лична безбедност, безбедноста на семејствата на вработените и загрозување и поткопување на законски утврдените надлежности и методи на работа на Агенцијата за разузнавање на Република Македонија, пишува во соопштението на Агенцијата за разузнавање.

Тие велат дека целосно е неприфатливо вработени во Агенцијата за разузнавање да бидат јавно изложени во медиумите во Република Македонија врз основа на шпекулации, гласини и претпоставки објавени во странски медиуми, кои се повикуваат на извори од странски разузнавачки служби како преземени вести и информации.

 

 

Поврзани новости