Агенцијата за млади и спорт се оградува од недоличната содржина во збирката, ќе истражува кој дозволил да биде објавена

by Fokus

Откако вчера на социјалните мрежи беа објавени содржини од збирката поезиија на Агенцијата за млади и спорт, кои содржат сексизам, албанофобија и говор на омраза, а кои предизвикаа низа негативни коментари, со реакција се огласија и од оваа институција.

„Во испечатената збирка поезија од проектот “Млади поети” е објавена содржина која содржи недолични елементи на дискриминација. Изборот на песни кои се објавуваат го направи надворешна комисија, која требаше да направи соодветна селекција, при што АМС нема увид во содржината. Агенцијата за млади и спорт се оградува од содржина која содржи дискриминација и смета дека е недолична. Во тек е истрага за утврдување на фактите и причините кои довеле ваквата содржина да биде објавена, после што јавноста ќе биде информирана за мерките и одговорноста кои ќе се преземат. Агенцијата за млади и спорт се противи и ќе се бори против каква било форма на дискриминација на родова, етничка или која било друга основа – се наведува во нивното соопштение.

Поврзани новости