473
Откако вчера Колегиумот на МТВ се пожали дека телевизиските екипи на информативната програма биле исплукани на митинг на СДСМ, денеска реагираа од Агенцијата за медиуми.
-Посочуваме дека насилството врз новинарите е неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира за актуелните општествено политички настани.Апелираме да се овозможат нормални и непречени услови за професионално работење на медиумите и медиумските работници- се вели во реакцијата на АВМУ.
Од СДСМ вчера рекоа дека немаат информација за инцидентот и дека осудуваат било каков напад на новинари.