ЛГБТ му одговори на Ангеловски: НЕ ГРИЖИ СЕ ЗА ХОМОСЕКСУАЛЦИТЕ, ТУКУ ЗА ДЕЦАТА ШТО СЕ ЛЕКУВААТ СО СМС ПОРАКИ

by fokus

Откако вчера Страшо Ангеловски од МААК јавно порача дека припадниците на ЛГБТ заедницата треба бесплатно да се лекуваат во Македонија, стигнаа и реакциите на засегнатите од неговиот став.

Програмскиот директор во ЛГБТ центарот за поддржка во Македонија, Кочо Андоновски, веднаш му одговори на Ангеловски дека претпоставува како лекувањето најверојатно ќе го спроведуваат на Халкидики, соседна Грција, за да биде поуспешно.

15218382_10211003603749773_1278934863_n

,,Според изјавата, Страшо Ангеловски е маргиналец, кој што најверојатно сака да минува повеќе време на Халкидики, каде што можеби дури и би отворил клиника.

Би му порачал да ја остави ЛГБТ заедницата на мир, а кога веќе сака да нуди бесплатно лекување, би го прашал дали знае колку деца и млади во земјава се лекуваат со СМС пораки? И наместо да лекува бесплатно хомосексуалци, нека се потруди животот на нашите деца да не зависи од милоста на народот и од парите собрани од телефоните за донации’’ – вели Кочо.

И режисерката Софија Теодор реагираше поради изјавите на Ангеловски. Таа смета дека не хомосексуалноста, туку хомофобијата е болест која што треба сериозно да се сфати и да се лекува.

15239300_10211003604789799_984314069_n

,, Хомофобичните луѓе се тие кои треба да се лекуваат, бидејќи не можат да си ја прифатат својата хомосексуалност. Реализиран човек не се плаши да комуницира со геј или би.

Во пакетот лечење за хомофобични има одење на психијатар кој ќе се обиде да продре во таквиот човек, со цел да му укаже да се прифати себе си и да му се покаже начинот како тоа треба да се направи. Ако успее после третманот да се погледне во огледало, и човекот што го гледа пред себе да го исперцепира поинаку, тогаш успешно било лекувањето. Ако не, му се испраќа некоја персона од неговиот пол за да се реализира сексуално, само така нема да биде латентен и гневен, туку среќен и исполнет, и хомофобичноста исчезнува преку ноќ.

Да бевте сите реализирани јавно ќе бевте среќни и задоволни, немаше потреба на Халкидики да одите за да се реализирате’’ – порача Софија.

15240129_10211003605749823_599611230_n

Реакциите дојдоа откако Страшо Ангеловски, освен што изјави дека хомосексуалноста е болест која што треба бесплатно да се лекува во земјава, смета и дека сексуалната определба треба да биде интимно чувство, како што е верата,  да се чува во тајност и да не се наметнува на другите.

Вики Клинчарова

Поврзани новости