Судиите кои се кренаа против Панчевски, ќе треба лично да се жалат пред Советот

by fokus

Судскиот совет бара тринаесетте судии кои го дигнаа гласот против претседателот на Основниот суд, Владимир Панчевски, лично да се пожалат и да ги објаснат забелешките.

Ова следува откако на минатата затворена седница, Советот одлучи да не постапува по писмената жалба на судиите во која го обвинија претседателот за злоупотреби на судот. Судскиот совет ја отфрли жалбата, со образложение дека потписите на судиите биле нецелосни и нечитки.

Судиите се повикани пред Советот да се јават лично во понеделник.

 

Поврзани новости