Тендерот, Град Скопје со агенцијата СГС го склучила на пети септември, а вчера договорот беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки.
„Ангажирање на агенција за обезбедување на имоти и лица за унапредување на безбедноста и сигурноста на средните училишта“, се наведува во склучениот договор.
Оваа агенција немала конкуренција, па како едниствен понудувач на услуги победила на тендерот.
СГС веќе трета година ќе ги обезбедува средните училишта во главниот град, бидејќи и претходните две години ги доби тендерите. Минатата година, за иста сума од 227.000 евра ги обезбедуваа учениците, а претходната 2012 година, тендерот тежеше 190.000 евра.
Агенцијата СГС, годинава го добила и тендерот за обезбедување и на факултетите во кампусот на Универзитетеот Св.Кирил и Методиј. Оваа услуга е договорна на 77.000 евра, а агенцијата повторно била едниствениот учесник на тендерот.