По објавувањето на извештаите од третиот период на мониторингот што го реализира агенцијата за медиуми во некои медиуми се појавија прилози во кои се изнесуваат тези чија невистинитост е неопходно да се демаскира, велат денеска од Агенцијата за аудио и аудио визуелни услуги или како што е позната во јавноста, Агенција за медиуми.
-Тезата дека мониторингот треба да биде ограничен само на партиите и на теми поврзани со изборите, се работи дека поимот предизборна кампања не постои. Ако се мислело на изборна кампања, тогаш треба да се знае дека тоа е период кој смее да трае само 20 дена пред денот на гласањето, што значи дека мониторинг на изборна кампања ќе има дури во тие 20 дена пред изборите, се вели во соопштението.
Од Агенцијата додаваат дека доволно е тоа што медиумите секојдневно и кажуваат на публиката за што да размислува, тие не треба и да и кажуваат како да размислува за тие настани, натурајќи и ги сопствените ставови и мислења.