Апелација за одби жалбата на СЈО за изземање на судијката од „Трезор“

by fokus

Апелациониот суд денеска донесе одлука со која не ја прифаќа жалбата на Специјалното јавно обвинителство на одлуката на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, кој не го прифати барањето за изземање на судијката на претходна постапка што треба да одлучува за мерките за претпазливост за тројца осомничени во случајот „Трезор“.

-Апелацискиот суд ги ценел наводите во жалбата на СЈО, но ги одбил како неосновани и утврдил дека претседателот на првостепениот суд правилно постапил кога согласно одредбите од член 33, став 2 од Законот за кривична постапка, со образложено решение, го одбил барањето за изземање на судијата бидејќи не постојат околности што предизвикуваат сомневање за непристрасност на судијата за кој се бара изземање, стои во соопштението од Кривичниот суд.

СЈО бараше на иззмења на судијката поради сомнеж во нејзината непристрасност, бидејќи деверот на судијката, односно братот на нејзиниот сопруг, работи за фирма која е во блиски деловни односи со фирмата „Финзи“.

Поврзани новости