Ѓорѓиев: Отворивме 160.000 нови работни места

by fokus

На првата панел дискусија од серијата „Принципи и дискусии“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ, денеска Александар Ѓорѓиев зборуваше за економијата и намалувањето на невработеноста.

-Фактите говорат дека во овој период се отворени 160 илјади нови работни места, 160 илјади луѓе, граѓани на Република Македонија кои што порано не работеле денес работат, 160 луѓе кои што порано седеле дома денеска одат на своите работни места и остваруваат приходи. Тоа се дополнителни приходи за десетици илјади семејства во Република Македонија, рече Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев, кој ја водеше дискусијата, се осврна на намалувањето на стапката на невработеност од 38 отсто на 24 отсто, без притоа да се осврне на иселувањето на граѓаните од Македонија.

Поврзани новости