Агенцијата Рејтинг со најточна изборна прогноза

by fokus

Агенцијата Рејтинг со голема прецизност го прогнозираше изборниот резултат со просечна маргина на грешка од само +/- 0,9%. Ова е најточната прогноза објавена во предизборието споредено со сите други агенции и институти кои објавија резултати. Анкетата која Рејтинг ја изработи за телевизијата на 24 вести, беше објавена на 2 декември, а изработена од 25 до 30 ноември, со метод лице в лице на репрезентативен примерок од 1.200 ипитаници.

„Сметам дека овие избори беа исклучително тешки за прогнозирање, но докажавме дека и во вакви услови анкетите може да бидат многу прецизни. На база на минатогодишните искуства и прецизна методологија, успеавме со висока прецизност да ги измериме рејтинзите. Ова потврдува дека сепак анкетите остануваат најдобра алатка за мерење на изборното расположение, но и дека се најголем предизвик за истражувачите заради комплексноста на целиот процес, од дизајн до реализација на истражувањето“, вели за „Фокус“ Никола Спасов, директор на Рејтинг.

Појаснување на пресметката: Процентите се пресметани од определените гласачи во секоја од анкетите. Процентите кај ДИК се од 97% обработени избирачки места. Дополнителната обработка нема да промени ништо значително во оваа анализа.

Поврзани новости