Американската амбасадорка Анџела Агелер, одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Амбасадата на САД во Скопје рече дека нема разговарано ниту со Ескобар, ниту со Румен Радев, но дека она што е важно не е што кажале тие, туку што ќе направиме ние тука во Македонија.
-Бидејќи на крајот на денот, ако луѓето тука се посветени на ЕУ, не е важно што велат Габриел или Радев. Иако многу работи се кажуваат во оваа земја, во Бугарија, во останатите земји од регионот, сепак, сите сакаат да ја видат земјава да се движи кон членство во ЕУ, рече Агелер.
Таа додаде дека Ескобар одржува интензивни контакти и зборува со сите чинители во процесот тука и дека неговата најголема надеж е дека Северна Македонија и регионот прават се што можат за да се движат кон европските и евроатлантските интеграции.
К.С.Б.