509
Американската амбасадорка Анџела Агелер на Фејсбук се огласи по повод назначувањето на градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, како генерално неподобен за влез во САД
Таа потенцира дека Соединетите држави ќе продолжат да се борат против секој оној кој го поткопува владеењето на правото во Северна Македонија,
„Народот на Северна Македонија заслужува интегритет од нивните јавни службеници и систем кој ќе бара одговорност. Соединетите држави ќе продолжат да повикуваат секого – без разлика на позицијата или политичката партија – кој го поткопува владеењето на правото, загрозувајќи го напредокот и стабилност на Северна Македонија“ – напиша Агелер.