Африм Гаши се пофали дека гласал за Законот за јазици, но според собраниските служби не гласал

by fokus

Собраниските служби мора да направиле некој пропуст во вчерашното гласање за Законот за употреба на јазиците, затоа што според листингот пратеникот од БЕСА, Африм Гаши, не гласал, но тој на својот фејсбук профил се пофали дека петте пратеници на неговата партија се заслужни за донесување на Законот.

„Денес заедно со парламентарното мнозинство го усвоивме Законот за употреба на јазиците. Иако сме кажале дека овој закон не ја заокружува официјализацијата на Албанскиот јазик, Движењето БЕСА со своите 5 гласа ја овозможи бројката од 64 за да може законот да помине.  Честитки за ова унапредување, со желба дека во иднина ќе се направи целосна официјализација“, напиша претседателот на БЕСА.

Поврзани новости