562
Автомобилот на пратеничката на СДСМ од Виница, Славица Шуманска – Митева, бил запален синоќа околу 1.20 часот, дознава Плусинфо.
Полицијата, пак, во текот на целата ноќ ги обезбедувала домовите на најголемиот дел на пратениците од владејачкото мнозинство.
По вчерашното изгласување на Законот за употреба на јазиците, во текот на ноќта, на профилите на социјалните мрежи на пратениците од СДСМ не престанале да пристигнуваа низа закани, пцости, клетви, дел јавно, дел преку пораки.