Ахмети својот глас им го посвети на „мачениците на албанската нација“

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, објави фотографија од вчерашното гласање за Законот за употреба на јазиците, додека опозицијата го опколи Талат Џафери и се обиде да го спречи гласањето. Ахмети во коментар на својот фејсбук профил, гласот им го посвети на албанските граѓани и како што вели на „мачениците на албанската нација“.

„Овој глас и овој ден ви припаѓа вас и на оние кои веќе не се тука а се најзаслужни, мачениците на албанската нација. Честитки за сите“, напиша Ахмети.

Поврзани новости