Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Во попладневните часови, особено на запад ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
И во Скопскиот регион попладне ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 33 степени.
И утре попладне, особено на запад ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Потоа на почетокот од следната недела атмсоферата ќе биде постабилна, иако во планинските предели има услови за краткотраен локален дожд и грмежи.
Поради продор на многу топол воздух од северните предели на Африка, температурите на воздухот и понатаму ќе бележат тенденција на пораст и на почетокот од следната недела ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени.
Подготви: Славчо Попоски