Адвокатско друштво кеширало и по 10.000 евра во еден ден од општински каси

by fokus

Никола Додевски беше најплатениот адвокат со буџетски пари во време на ВМРО-ДПМНЕ. Власта на СДСМ си има нови омилени адвокати. „Фокус“ направи увид во податоците на „Отворени финансии“ за адвокатското друштво „Тошиќ и Јевтиќ“. Ним, од 2016 година, им биле исплатени над 120.000 евра од буџетот, а од две општини кеширале и по 10.000 евра во еден ден

Пишува: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

Општина Аеродром, во само еден ден, поточно на 4 февруари оваа година направила вкупно седум уплати за адвокатски услуги. Станува збор за адвокатското друштво „Тошиќ и Јевтиќ“, од кои најмалата уплата е речиси 50.000 денари, а најголемата е 160.000 денари.

Тоа значи дека Општина Аеродром, во еден ден, на ова друштво му исплатило вкупно 635.434 денари, или нешто повеќе од 10.000 евра. Сите исплати дента се за правни услуги.

Од октомври минатата година, градоначалник на скопската Општина Аеродром е Тимчо Муцунски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а негов претходник беше Златко Марин од владејачката СДСМ, кој четири години ја водеше општината.

„Фокус“ се обрати до градоначалникот Муцунски, зошто во еден ден општината му исплатила на адвокатското друштво нешто повеќе од 10.000 евра.

Иако, на прв поглед излегува дека Муцунски го ангажирал адвокатското друштво, сепак, според неговото објаснување, адвокатското друштво „Тошиќ и Јевтиќ“ го ангажирал неговиот претходник Марин и дека исплатите биле извршени по налози издавани, токму од него.

Од податоците што можат да се најдат на „Отворени финансии“, најмногу исплати има извршено Општина Кисела Вода. Првата исплата од над 130.000 денари, Општина Кисела Вода ја има направено во февруари 2018 година. Всушност, адвокатското друштво го има ангажирано поранешниот градоначалник на Кисела Вода, кој ја водеше општината од 2017 година, Филип Темелковски.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости