И Ѓоковиќ се израдува на победата на Македонија над Италија: Секоја чест!

by Фокус

Најдобриот тенисер во светот, Србинот Новак Ѓоковиќ, и се израдува на победата на македонските фудбалери над Италија со 1-0, со што обезбедија битка против Португалија за настап на Светското фудбалско првенство.

„Честитки, браво Македонија! Херои! Секоја чест, гледав, навивав. Одиме понатаму момци, уште еден чекор, па на Светско! Се најдобро ви посакувам!“, вели Ѓоковиќ во пораката упатена за македонските фудбалери.

Поврзани новости