Адвокатот на премиерот Груевски ќе одговори на жалбите на обвинителството

by Фокус

Адвокатскиот тим на премиерот Никола Груевски в понеделник ќе достави до кривичниот суд одговор на жалбите на обвинителството, потврди за Телма, адвокатот Никола Додевски.

Тој за телевизијата изјавил дека ќе го почитува рокот за доставување одговор од  три дена по што целата документација ќе биде препратена во Апелациониот суд кој ќе ја донесе конечната одлука дали прислушкуваните разговори ќе бидат доказ во 27 –те предмети кои ги истражува обвинителството.

Апелациониот суд нема прецизни рокови, но во принцип вели адвокатот Додевски, овие постапки се брзи, а од судот појаснуваат дека може да одлучат и за една седмица или осум дена.

Вчера, пак, од Основниот суд Скопје 1 ја информираа јавноста дека од страна на Основното јавно обвинителство обжалени се вкупно 21 решение на судија на претходна постапка кој одлучуваше по однос на барањето за издвојување на докази кои произвелгуваат од неовластено прислушување.

-Истите веќе се доставени до спротивната страна за одговор, кој во законски предвидениот рок треба да достави одговор по што обжалените решенија веднаш ќе бидат испратени на надлежно постапување на Апелациониот суд – Скопје согласно член 93 од ЗКП, велат од судот.

Поврзани новости