Екс разузнавачот Диневски излезе од притвор

by Фокус 20:14
20:14

По две години поминати во притвор, екс разузнавачот Александар Диневски кој беше осуден на 4,5 години затвор во процесот „Шпион“ од вчера е на слобода. Судот му ја укина мерката притвор и му го одзеде пасошот за да не може да ја напушти државата.

Диневски неколку пати штрајкуваше со глад, поради што беше влошена неговата здравствена состојба. Преку неговото семејство до медиумите Диневски достави порака во која објаснуваше зошто се решил на штрајк со глад, односно истакнуваше дека процесот е политички монтиран.

- Advertisements -

Првостепената пресуда за „Шпион“ беше донесена во октомври минатата година. Највисока казна од 15 години доби првообвинетиот, Марјан Ефремов.  Шефот на кабинетот на собранискиот спикер Вељаноски, Марјан Маџоски доби една и пол година, поранешниот директор на Управата за перење пари Ване Цветанов  доби три години затвор, поранешниот генерал Горан Стојков кој одговараше за четири дела доби девет години затвор. Влатко Стаматовски, вработен во Државниот архив, е осуден на 3,5 години.

Поврзани новости