380
Насер Рауфи, адвокатот на шестмината обвинети во случајот „Монструм“, денеска упати официјално писмо до лидерот на опозицијата Зоран Заев со кое бара да ја објави бомбата за случајот. Тој побара материјалите да им се дадат и на адвокатите.
– Ние адвокатите, денеска во текот на денот упативме барање до Заев кој најави бомби за овој случај. Мислам дека за кратко време ќе се реализира нашето барање, доказите што ги најави Заев да ги достави во вишото обвинителство или кај адвокатите – истакна Рауфи.