На Косово уапсен еден од осомничените за настаните во Куманово

by Фокус

Уапсен е Сулејман Османи од селото Брест, еден од осомничен за настаните во Куманово

Османи е уапсен на Косово, каде и побегна на македонската полиција кога им покажувал каде е скриено оружјето украдено за време на нападот на караулата во Гошинце.

По него беше распишана меѓународна потерница. Според косовската полиција, на која се повикува „Лајмперс“, во куќата на Османи е пронајден дел од оружјето украдено за време на нападот на караулата во Гошинце.

Поврзани новости