МВР: Уапсен Сулејман Османи осомничен за настаните кај Куманово

by Фокус

Сулјеман Османи од селото Бреза осомничен за настаните во Куманово вчера е уапсен во село Летниче кај Витина, го информирала македонската полиција косовското МВР. Според полициските информации, тој и побегнал на полицијата кога им го покажувал местото каде што било скриено оружјето.

Од МВР потврдија дека косовската полиција постапила по меѓународна потерницата издадена од Македонија, а веќе е потврден и идентитетот на лицето.

Според косовската полиција, како што објавија косовските медиуми, во куќата на Османи пронајден е дел од оружјето украдено за време на нападот на караулата во Гошинце. 

Портпаролот на косовската полиција Баки Келани информира дека кај осомничениот е пронајден и одземен и ТТ пиштол со муниција, а целата акција полицијата ја спровела во координација со надлежен јавен обвинител.

Поврзани новости