Адвокатот Љупчо Наумовски од Охрид, чиј соработник Ристо Китески беше иницијатор за Законот за помилување пред Уставниот суд, е адвокат на Горан Грујевски. Претходно беше и на Јанкуловска во предметот „Титаник“. Во негова изјава за Алсат потврдува дека поднеле жалба на одлуката за притвор и очекуваат дека Кривичниот совет ќе ја укине мерката оти нема основа по ниту една од трите точки.
Негов соработник во предметот е адвокатот Боро Тасевски. Тие двајцата вчера по распитот не дадоа изјави за медиумите, а денеска само потврдуват дека нема што да споделат со јавноста, освен дека постапката е во тек.
Во меѓувреме Специјалното обвинителство даде одговор на жалбата на адвокатите околу притворот и сега се очекува седница на Кривичниот совет. Неизвесно е дали ќе има денеска одлука или пак утре со оглед дека се прават комбинаторики кој судии да бидат во советот.