Пратениците не можат да направат контрола во УБК за опремата

by Фокус 14:08
14:08

Собраниската комисија за надзор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР) со месеци чека УБК да достави податоци за целата опрема која ја има на располагање и за онаа која е набавена и расходувана, вели претседателот на Комисијата Хари Локвенец и затоа не може да се изврши контрола и да се провери каква опрема има во УБК.

-Ние два пати бевме во УБК, но доставивме и писмено барање да ги добиеме информациите за целата опрема која е на располагање на Управата која се користи за следење на комуникациите, моменталната, и онаа која е набавена и расходувана. Побаравме карактеристики, упатство за употреба од производителот. Тоа е минимум услови за да направиме суштинска контрола, вели Локвенец.

Утре собраниската комисија ќе одржи седница, со точка на дневен ред за работата на УБК за 2015 и нивната програма за работа за 2016, како и Извештајот за работа на Агенцијата за разузнавање за 2015.

- Advertising -

 

Поврзани новости