Додека во Вишото јавно обвинителство во Белград продолжи распитот на сведоците против Мирослав Мика Алексиќ (69), сопственик и шефот на училиште за глума, кого неколку студентки го обвинија за силување и сексуално злоставување. Адвокатот на Алексиќ, Зоран Јаковљевиќ, изјави дека ако продолжела медиумската хајка и линчувањето на неговиот клиент, тој ќе биде принуден да достави „некои материјали“.
– Не сакам да работам така, но ако продолжи медиумската хајка и линчувањето на мојот клиент, ќе бидам принуден да доставам некои материјали, за да можеме да видиме дали некој толку е среќен и се смее, а претходно бил злоупотребуван. Создадени се ненормални услови за објективно донесување одлуки. Притисокот од јавноста е ненормален и владее целосна колективна хистерија. Се прашувам зошто ни е судење, да го раскинеме човекот и да завршиме сè веднаш – се пожали адвокатот.
Претходно, неколку часа емотивно сведочела актерката Милена Радуловиќ (25), која јавно поднесе обвинение против Алексиќ, а нејзе ѝ се придружија уште неколку актерки, поранешни ученички на школата за глума на Алексиќ. Тие сведочеле дека биле жртви на сексуално злоставување во периодот од 2008 до 2020 година, во време кога биле малолетни, или подоцна. По ова полицијата го уапси Алексиќ, а Вишиот суд му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.