Трајанов бара Владата да спречи Треска да стане градилиште на урбаната мафија

by Фокус

Демократскиот сојуз бара Советот на Град Скопје и Градоначалникот на Скопје да ги преземат сите законски мерки за да спречат Езерото Треска да се одземе од граѓаните на Скопје.

„Езерото е градено со самопридонес на граѓаните на Скопје и никој друг нема право да располага со него. Воедно ја повикуваме и Владата на РС Македонија да ги активира државните институции за да спречат уништување на езерото и претварање на истото во градилиште и профит на урбаната мафија. Независно какви се постапки се спроведени, граѓаните на Скопје на референдум одлучија да се гради, за тоа платија и никој друг на смее локацијата да ја пренамени и да ги лиши граѓаните од рекреативен центар толку потребен на сите“, велат од партијата на Павле Трајанов.

Денеска на терен градежна механизација ги отстрануваше бунгаловите, тоалетите, гардеробите, рестораните, кафулињата и сите останати објекти изградени во 70-тите години од минатиот век, а на сопствениците на приколките им дадоа рок до февруари за да ги отстранат. Градоначалникот на Сарај најави дека ќе се уреди просторот согласно урбанистичкиот план и во координација со владата. Се чека владата да го прогласи за туристичко-развојна зона.

Поврзани новости