Заев: Граѓаните очекуваат правда за да останат тука, процесот веќе почна

by Фокус

Седум судии и обвинители веќе се опфатени со прочистувањето на правосудството, процесот веќе се случува и секојдневно сме сведоци на тоа, изјави премиерот Зоран Заев на ТВ 24. Тој нагласи дека политиката нема никакво влијание на „ветингот“, затоа што, според него, тој процес го водат Судскиот совет и Советот на обвинители.

-Граѓаните очекуваат правда, бидејќи тоа е и една од причините да останат тука. За да имаме добра економија, здравствен систем треба да имаме правда. Затоа направивме сè – покачување на платите, додатоци …и до крајот на 2021 година ќе ги зголемиме буџетите на судовите и на обвинителството, затоа што правдата мора да биде ефикасна, ефективна, транспарентна и одговорна – рече Заев.

Поврзани новости