Адвокатот Гажоски: Во моментов ниту на ДПМНЕ, ниту на СДСМ, ниту на ДУИ не им одговара силно СЈО

by fokus

Адвокатот Ѓоко Гажоски за „Фокус“ ја коментираше денешната одлука на Врховниот суд по однос на Специјалното јавно обвинителство. Тој вели не е проблемот што Врховниот суд само го констатирал тоа што и е наведено во член 22 од Законот за СЈО, туку проблемот е што ќе нема 2/3 мнозинство во Собранието што ќе гласа за продолжување на овој временски период и со тој чин ќе гласаат за покренување на нови обвиненија, продолжување на старите истраги и превземање на јавно-обвинителски истражни дејствија.

-Насушно потребна е трансформација на самото Специјално јавно обвинителство, но бидејки во моментот ниту на ДПМНЕ,ниту на ДУИ, ниту на СДСМ не им одговара силно СЈО и проширена надлежност на истото сметам дека ова е само утопија.
Денешната ситуација по однос на СЈО е само дел од преземените обврски кои власта ревносно ги исполнува во смисла на обезбедувањето на мнозинството за гласањето на уставните измени. И како такво треба да се третира.
Да се разбереме, силно го поддржував и го поддржувам процесот на имплементација на Спогодбата од Преспа и отварањето на патот на евро-атланските интеграции во НАТО И ЕУ, но сфатете бате Саше ги обезбеди 8-те пратеници од ДПМНЕ сега му се одложуваат на бате Саше за издејствуваното.
Облигациони односи со примеси на театар…, вели адвокатот Гажоски.

Инаку, денеска Врховниот суд денеска одлучи дека СЈО не може да отвара истраги и да поднесува обвиненија по истекот на 18 месеци од денот на преземањето на предметите во своја надлежност.

Поврзани новости