Адвокатот Додевски бара извинување од СДСМ, не открива дали ќе ги тужи

by Фокус

Адвокатот Никола Додевски реагира на соопштението на СДСМ со кое партијата објави дека ќе земе хонорар од 46 илајди евра од државната компанија ЕЛЕМ и праша дали после залекувањето на премиерот Груевски со пресудата од 50 илајди евра од Заев сега ќе се успокои и неговиот адвокат Додевски.

„СДСМ објави невистини дека според договорот објавен од Бирото за јавни набавки сум требал да наплатам 46 илајди евра за една година за моите услуги од компанијата ЕЛЕМ. Вистината е дека нашата канцеларија, а тоа се тројца адвокати и двајца соработници ќе наплати 38.800 евра и тоа не за една, туку за две години. Нема да се впуштам во оценката на вашите мотиви за изнесување невистини бидејќи тоа е излегување од мојата професија и навлегување во политиканство, но како човек морам да укажам дека кај никого нема да предизвика позитивна реакција тој што за жив човек во наслов навредливо и дегутантно употребува израз „успокоен“, па дури и ако инспирацијата за насловот е дека се работи за спротивставениот адвокат на лидерот на авторот на текстот. Затоа барам јавно извинување- реагира Додевски.

Тој за сега не открива дали ќе поднесе тужба, доколку СДСМ не му се извини.

Поврзани новости